Почнува трката за повеќе купувачи на струја

Bez autora
Feb 25 2014

Од почетокот на април годинава, по неколку пролонгирања, конечно во Македонија стартува втората фаза од либерализацијата на пазарот на струја со што ќе бидат опфатени над 200 компании и речиси сите државни претпријатија. Тие, според Законот за енергетика, ќе купуваат струја самостојно на пазарот, по пазарни цени, како што досега функционираа големите индустриски капацитети кои беа опфатени во првата фаза. Засега останува неизвесно дали домашните фирми ќе плаќаат повисока цена на струјата од досегашната, затоа што таа очигледно ќе биде диктирана од пазарот и од условите кои ги нудат трговците со електрична енергија. Кон крајот на февруари Регулаторната комисија за енергетика издаде лиценци за вршење дејност, снабдување со струја, на 4 компании од кои македонските фирми треба да изберат од која од нив ќе купуваат струја, а за одлуката ќе треба да го известат МЕПСО.

Почнува трката за повеќе купувачи на струјаОд почетокот на април годинава, по неколку пролонгирања, конечно во Македонија стартува втората фаза од либерализацијата на пазарот на струја со што ќе бидат опфатени над 200 компании и речиси сите државни претпријатија.

Тие, според Законот за енергетика, ќе купуваат струја самостојно на пазарот, по пазарни цени, како што досега функционираа големите индустриски капацитети кои беа опфатени во првата фаза. Засега останува неизвесно дали домашните фирми ќе плаќаат повисока цена на струјата од досегашната, затоа што таа очигледно ќе биде диктирана од пазарот и од условите кои ги нудат трговците со електрична енергија.

Кон крајот на февруари Регулаторната комисија за енергетика издаде лиценци за вршење дејност, снабдување со струја, на 4 компании од кои македонските фирми треба да изберат од која од нив ќе купуваат струја, а за одлуката ќе треба да го известат МЕПСО. Тоа се: „Енерџи сервисис“, „Фјучр енерџи“, „Мист енерџи“ , кои добија лиценци со важност до 2024 година, и ЕВН „Електростопанство на Македонија“ со лиценца до 2049 година, која веќе формира посебна компанија „ЕВН Снабдување“, чии услуги ги промовираа деновиве. Уште минатата година, пак, лиценца за снабдување со струја поседува и компанијата ЕДС.

Сите овие компании забрзано ги подготвуваат своите понуди за домашните фирми и претпријатија. Како што неодамна изјавија одговорните од ЕВН, оваа компанија има ресурси, знаење и менаџерски кадар кој ќе одговори на потребите и барањата на компаниите и дека ќе понудат фер цена на струјата на пазарот. Потенцираа дека „ЕВН Снабдување“ дополнителните надоместоци за користење на дистрибутивната и на преносната мрежа нема да ги определува самостојно, туку дека тие ќе бидат определувани од Регулаторната комисија за енергетика.

Вчера се огласија со соопштение и од ЕДС.

„На овој пазар правилото е едноставно, оној кој ја има најголемата балансна група може да понуди и најдобри услови“, велат од ЕДС, додавајќи дека оваа компанија е формирана уште пред почетокот на втората фаза од либерализацијата на пазарот на продажба на струја.

„Со оглед на тоа што ги имаме како корисници речиси сите најголеми компании и со постигнатите договори во меѓувреме со други македонски фирми, во моментов е создадена балансна група со околу 240 мегавати“, изјави Кочо Анѓушев, сопственик на ЕДС.

Оваа компанија, додаваат одговорните, е единствена со развиена мрежа за снабдување со струја и со искуство во набавка на енергија на слободен пазар.

Лиценцата од РКЕ значи дека компаниите ќе можат да се купуваат струја од земјата и од странство и да ја продаваат на потрошувачи, трговци, други снабдувачи, на операторот на електропреносниот или на операторите на електродистрибутивните системи, како и на купувачи во странство. Снабдувачот ќе треба да склучи посебни договори за купување и за продажба на струја и договори и закуп на преносен или дистрибутивен капацитет. Тоа значи дека секоја компанија-снабдувач ќе треба да склучи договор со ЕВН, затоа што единствено таа ја поседува дистрибутивната мрежа во земјава и тој трошок ќе биде вкалкулиран во крајната цена на струјата. Компанијата е должна да обезбедува непречена испорака на струја и да ја наплатува според договореното.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik